Tuesday, September 30, 2014

Plant Pot Pyramid / Пирамида со саксии за цвеќе


Ова е проект многу едноставен за изведба и идеален за мали отворени простори и тераси.
Инспириран е од Пирамидата со зачини од Марта Стјуарт но ова е цветна варијанта. 
Цвеќе или зачини изборот е ваш, идејата е да се наредат три саксии со различна димензија една над друга и да се добие еден вид на пирамида. 
This is a very simple DIY project, ideal for small open spaces and terraces. 
It is inspired from Martha Stewart's Spice Pyramid, but this is a flower makeover.  
Weather you use flowers or spices is up to you, the main idea is to arrange tree different-sized pots one on top of another and to end up with a pyramid shaped arrangement.

Најдобро е да се употребуваат растенија кои се разлозуваат и висат надолу. 
На тој начин кога растенијата целосно ќе се развијат ќе ја 
прекријат целата саксија.
It`s recommended to use plants that crawl and hang over the pots, so that the pots will be completely covered with green once the plants develop.


Значи постапката е едноставна. Земете три саксии со различни димензии, наполнете ги со земја и наредете ги по големина (најголемата најдолу, најмалата најгоре). 
За конструкцијата да не биде тешка во најголемата и средната саксија ставете по една превртена саксија пред да ги полните со земја. 
На тој начин во средината ќе има празен дел, конструкцијата ќе се олесни, а и ќе ви треба значително помалку земја.

The procedure is simple. 
Take tree different-sized pots, fill them up with soil and arrange them one on top of the other (starting with the largest one).  
To lighten the construction, put an empty pot upside down inside the largest pot and inside the middle pot. 
This way you lighten the construction making it easier to move around and you use less soil. 









Wednesday, October 16, 2013

Geranium / Сардон


Гераниумот или кај нас уште попознат како Сардон представува популарна декоративна билка.   Кај нас е многу распространето и поради лесното одржување и размножување, како и поради бројот и убавината на цетовите представува едно од омилените растенија во домовите.
The Geranium is a very popular and decorative plant. It is very common at our country, mostly for the easy cultivation, but also for the numerous and lovely flowers. It is one of the favorite home decoration plants. 
Ова е зимзелено растение со потекло од Јужна Африка. Родот му е Geranium  а фамилијата Geraniceae. Постојат повеќе од 200 видови меѓусебе различни по формата и големината на листовите, по бојата на цветовите и типот на нивната симетричност.
This evergreen plant originates from Southern Africa. It is from the family Geraniceae and genus Geranium. It has more than 200 species mostly different one from another by the leaves color and shape, and the flower color and symmetry.  
Сардонот е многу издржлива билка. Прилагодлива е на секакви услови. Најпогодно е да се постави на дирекно сонце, и да се наводнува често. Во летните периоди наводнувајте секој ден или секој втор ден. Многу се погодни за одгледување во саксии и висечки саксии, но се одгледуваат и во градина.
The Geranium is a very tolerant plant. It is best to be placed on a full sun exposure and to be watered very often. In summer it needs to be watered every day or every other day. It can be cultivated in a garden or in containers. It is very decorative when planted in a hanging containers.
Преживува и на јаки температури и на провев. Може да издржи и слаби и кроткотрајни мразеви, но сепак преку зима е препорачливо да се внесе во добро осветлена просторија каде ќе биде заштитено од дирекните надворешни влијанија.
This plant can survive in all kinds of conditions like strong heat or drafts. It can even make it trough some minor frosts, but it is recommended to be put inside over winter periods, best in rooms with lots of sun.
Доколку е на целодневно сонце ќе цвета интензивно. На северни изложености ќе развива густи листови но цветовите ќе бидат ретки. Цветовите се со пет ливчиња и се групирани по неколку. Ги има во ралични бои и со различни густини. Хибридните видови се и со мешани бои.
If the plant is put on places with strong sun it will bloom intensively, but if you place it on a northern location or under shade it will only form lots of leaves, and very few flowers. The flowers are fife petaled and form in clusters. The vary in colors and in number depending of the species, the hybrids can even have mixed colors. 
Листовите се различни во однос на конкретниот вид. Најчесто се заоблени, назабени во вид на дланка, со симетрични разгранувања на жилките. Поставени се најизменично лево десно на дебели и јаки стебленца. Понекогаш имаат низ нив и шари со посветла или потемна боја.
The leaves are variable depending on the species. Most often they are palmate lobed or pinnate and alternate on the long and strong stalks. Sometimes they can be mixed with some dark or light spots or patterns. 
Размножувањето е многу лесно. Најлесно и најчесто се размножуваат со разделување на стебленцето на повеќе делови и дирекно посадување во влажна и песоклива почва. Можно е и размножување од семе но поредко се практикува.
They are easily propagate from cuttings, but can be also propagated from seeds, but this is not a common procedure.













Wednesday, October 9, 2013

Brazilian Butterfly plant / Бразилска Пеперутка / Oxalis triangularis



Бразилската пеперутка е прекрасно растение со потекло од Бразил. Името го добила од обликот на нејзините листови, кои се триаголни, групирани по три. Навечер листовите се собираат и наликуваат на пеперутка која стои. Бојата на листовите е темно виолетова со градација до светло виолетова во средишниот дел. Ова ја прави билката особено декоративна. 
The Brazilian Butterfly is a gorgeous plant that comes from Brazil. It has gotten it`s name from it`s origin and from the specific leaves shape. The leaves are triangular, and grouped by 3. At night they wrap up and look like a butterfly at rest. The leaves color is a wonderful dark violet, with gradation to lighter violet towards the middle of the leaves. This makes the plant very decorative and popular.
Цветовите и се светло виолетови до скоро бели и прават прекрасен контраст со темновиолетовата позадина од густи листови. Сезоната на цветање и започнува во доцанпролет или рано лето, и цвета до доцна есен.

The flowers are bright violet even white, and they make a beautiful contrast with the dark background of thick foliage. The blooming season is long. It starts at the beginning of Spring and i lasts until the end of Autumn. 
Растението расте ниско до 20-тина см.  од земјата, а формира збун со многу листови на тенки стебленца. Може да се одгледува во саксии и во градина а особено е атрактивна во висечки саксии. Доколку го посадувате во градина компирчињата засадете ги на растојание не помало од 15 см. едно од друго, и покријте ги со 10-тина см. земја. Почвата треба да е мешовита и со добра дренажа.

The plant grows short, just 20 sm. of ground, but it forms a thick foliage of leaves. It can be grown in containers and in the garden. It looks especially good in hanging containers. If you plan to grow this plant in a garden, plant the bulbs no less than 15 s. apart. Use mixed soil with good drainage. 
Пеперутката сака делумна или целосна изложеност на сонце и доста влага. Треба да се наводнува често, особено во летниот период, 2-3 пати во неделата а доколку е на дирекно сонце и секој втор ден. Не треба да се дозволи почвата премногу да се осуши.
The Butterfly plant likes a full or partial sun exposure. It also likes lots of water, so it should be watered often. During summer water it 2-3 times a day. If on full sun exposure then water it every other day. Never let the ground dry up completely.

Растението доколку се одгледува надвор е едногодишно. Во есен листовите му отпаѓаат и остануваат само компирчиња. Треба да се дозволи сите листови сами да одпаднат бидејќи дури и последните зелени ливчиња обезбедуваат храна за компирчињата за наредната сезона.
If grown outside the plant is annual. In late Autumn it loses the leaves and all it remains of it are the bulbs. You should let all of the leaves to fall of on their own. Even the very last leaves add some food to the bulbs for the next season.   

Компирчињата ако се во саксија внесете ги внатре, а доколку се во двор откопајте ги и повторно засадете ги во пролет.Доколку цвеќето се внесе рано во затворена топла просторија може и да ја преживее зимата, и во пролет ќе почне да цвета порано. Во тој случај преку зима му е потребно јако јужно светло, влажен воздух но поретко наводнување.
If the bulbs are outside you should take them out of the ground and store them over winter in a warm place, and replant them in Spring. However if you get your plant inside withe the container in early Autumn it will make it trough the winter, and in Spring it will bloom early. In this case you will need to provide a Southern light, more moisture and you`ll need to water the plant less.

Доколку се решите да ја набавите Бразилската Пеперутка, таа сигурно ќе стане едно од вашите омилени растенија, најмногу поради прекрасната и необична боја, формата на листовите, но и едноставноста на одржувањето. Оваа билка е ретко застапена во нашите простори па вие ќе бидете еден од малкуте горди сопственици.
If you decide to get this plant for your home, it will become one of the favorites for sure, mostly because of the gorgeous leave color and shape, but also because is so so simple to take care of.








Monday, September 30, 2013

Impatiens flower... Водениче


Impatiens walleriana 

Воденичето представува прекрасно едногодишно растение.
The Impatiens flower is a wonderful and very decorative annual plant.

Популарно е поради многубројните цветови кои ги има дури три сезони. Почнува да цвета во рана пролет и цвета до првите мразови. Цветовите можат да се најдат во најразлични бои и големини а во зависно од видот може и да мирисаат.
It has gotten it popularity due it`s many blooms, present during tree seasons. The blooming begins in early spring and continues until late autumn frosts. The blooms can be found in many different colors and sizes, and some of them have a very pleasant smell. 

Оваа растение можете да го одгледувате и во саксија и во двор.
Сака сенка и влага. Насадете го во хранлива, ровка и добро дренирана почва, на места каде ќе биде заштитено од провев и силни ветрови. Треба да се наводнува често, во летниот период секој втор ден.
This plant can be grown in a container or in the garden. It prefers shade and moisture. Plant it in a fertilized and well drained soil, at places protected from drafts and wind. Water the plant often. During summer season as much as every other day. 

Доколку му фали вода веднаш овенуваат и листовите и цветовите, но со повторно наводнување се враќа во првобитната состојба за кратко време. Доколку почвата не е добро дренирана, и со прекумерно наводнување, постои опасност од габични болести.
If the plant lacks water its leaves and blooms will get limpy, but this soon goes away after watering. However if the grounds are not well drained and if the plant is over-watered, some fungal diseases may appear.  

Оваа растение се разгранува многу и бргу, затоа посадете го во двор на растојанија не помали од 30 см. Доколку го садите во саксија, тогаш во една посадете максимум две воденичиња.
This plant will spread a lot, so plant it on distances larger than 30 sm. And if planting it in a container, than plant no more than two in a single container.

Најчести видови кај нас се:
Most popular species around here are:

  • Impatiens balsamina
  • Impatiens walleriana 








Friday, September 20, 2013

Diffenbachia... Дифенбахија

Дифенбахијата представува една од најомилените собни билки на нашите простори а и пошироко. Својата популарност ја стекнува поради големата декоративност на нејзините листови. Листовите можат да бидат со долгнавеста и овална форма, и се шарени, односно имаат темно зелена боја по краевите која постепено преминува во светлозелена до скоро бела боја кон внатрешноста на листот. Ваквите шари растението го прават исклучително привлечно. Стеблото на растението му е доста стабилно и цврсто.

The "Diffenbachia" is one of the most favorite house plants at this parts of the world. It got its popularity mostly because of the form and color of it`s leaves which offer great decorative values. The leaves can be oval shaped or more long, they usually are very colorful with color gradations from dark green on the leaf edges, to very light green or even white in the center of the leaves. These color changes make the plant exquisitely attractive. The plants trunk in very strong and firm.



Дифенбахијата во својата природна средина расте во групи формирајќи жбунови, но и во затворен простор ќе расте брзо и интензивно доколку и се погодат условите за одгледување:
  • Оваа билка сака влажен воздух па затоа треба често да се оросува или листовите да и се пребришуваат со влажна крпа (особено во летните месеци). Водата која се користи за навлажнување треба да е млака и без бигор.
  • Потребно и е умерена влажност на почвата. Во летните месеци треба да се наводнува со одстоена вода 2-3 пати неделно, а во месецита на стагнација поретко. Доколку листо почнат да пожолтуваат треба да се смени режимот на нанводнување. Помеѓу наводнувањата дозволете почвата да се просуши.
  • Потребна и е изложеност на светло на не и на дирекно сонце. Најдобро и е северно или источно светло. Дирекното сончево изложување може да биде кобно за ова растение.
  • Осетлива е на интензивен провев, и на блиски извори на топлина.
In it`s natural habitat the "Diffenbachia" grows in groups forming bushes  but even indoors it will grow fast and large if all growing conditions are just right:
  • This plant needs moist air and should be moisturized regularly, or it`s leaves should be whipped with wet cloth (especially during summer season). The water you use must be at room temperature and very clean and soft.
  • The soil should be relatively moist  In the summer months it should be watered 2-3 times a week, with rain water or clean soft chlorine free water. In the stagnation periods the watering should be less frequent. If the plants leaves start to turn yellow, watering regime should be changed. In between watering cycles let the soil get dry a bit.
  • The "Diffenbachia" needs sunlight but not direct sun  exposure. The best exposure is northern or eastern. Direct sun exposure can have fatal consequences for this delicate plant.
  • The plant is sensitive to intense drafts, an to close heat sources.

Размножувањето се врши на неколку начини и е многу лесно.
Најчесто стеблото се расекува на наколку парчиња со димензија од 10-тина см. и истите се посадуваат во почва полегнати и покриени со почвата до половина.
Потоа се покриваат со најлонска прекривка, се чуваат влажни и се проветруваат дневно неколку пати. Набргу од ваквите парчиња ќе се појават чепки и млади листови.
Идеално време за размножување е пролет а идеална температура околу 25 степени Целзиусови.

The multiplication can be done in several ways and it is very simple.
The most common procedure is to cut up the trunk to several peaces, at ~10 cm. length, and to put the peaces horizontally in covered halfway in soil.
Then this soil should be covered with PVC coverage and kept moist, but also aerated 2-3 time a day.
Soon the cut-up peaces will develop buds, from witch new leaves will form.
The ideal multiplication time is spring, and the ideal temperature for the procedure is ~25 degrees Celsius.

Доколку сакате да добиете цветови билката наводнувајте ја или оросувајте ја така да водата се слева преку внатрешноста на листовите.Секогаш користете дождовница или дестилирана или одстоена вода.

If you want for this delicate plant to bloom you need to water it in a way in witch the water will go down trough the bases of the leaves. Always use rain water or clean soft chlorine free water.




Листовите и млекото што го испушта кога е пресечена се отровни. Затоа држете ја подалеку од мали деца и од миленичиња, и секогаш користете заштитни ракавици при пресадување и размножување на истата.

The leaves and the milk it extracts if cut, are poisonous, Therefore keep the plant away from small children and pets. When re-potting or cutting, use protective gloves.

Дифенбахијата представува тропско цветно растение, член на фамилијата Araceae, и видовите кои пристигнуваат кај нас се најчесто со потекло од прашумите на Јужна Америка.


The "Diffenbachia" is a tropical flowering plant, member of Araecae family, and the species that are available to get around here are most often with South American rain forest origin. 

Најчесто сретнувани видови кои можете да ги набавите за својот дом се:
The most common species you can get for your own home are:
  • Dieffenbachia camille
  • Dieffenbachia compacta
  • Dieffenbacjia tropic marianne
  • Dieffenbachia tropic snow
Варијацијата најчесто е во големината на стеблото и листовите, и во шарата на листовите. 
The variations are mostly in leaf color and trunk and leaf size.